Седници на четири собраниски комисии
- Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно - правната комисија.

Скопје, 22 јануари 2025 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно - правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Предлог - одлука за определување на коефициентите за утврдување на плата на Претседателот на Република Северна Македонија, на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и на функционерите кои ги избира и именува Собранието на Република Северна Македонија и Утврдување Предлог - одлука за разрешување на директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование.
Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање треба да ги разгледа измените на Законот за комуналните дејности, на Законот за превоз во патниот сообраќај и измените на Законот за градење, сите по скратена постапка.
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција, по скратена постапка е на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет. ев/нд/
Фото: МИА архива