• недела, 23 јуни 2024

Олимпискиот шампион Кјетил Јансруд ќе се пензионира по Олимписките игри во Пекинг

Олимпискиот шампион Кјетил Јансруд ќе се пензионира по Олимписките игри во Пекинг
Осло, 19 јуни 2021 (МИА) - Норвешкиот скијач Кјетил Јансруд ќе се пензионира по Олимписките игри во Пекинг во 2022 година. - Претпоставувам дека ова ќе биде моја последна сезона. Дефинитивно не сакам да бидам рангиран на 15. место. Мојата мотивација е олимписката сезона, рече Јансруд. Триесет и петгодишниот Норвежанец е олимписки шампион од Сочи 2014 во супервелеслалом. Има и две сребрени и две бронзени медали на Олимписките игри. На Светското првенство во 2019 година во Аре, тој го освои златниот медал во спуст. зс/

Остани поврзан