• недела, 22 декември 2024

Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца

Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца

Газа, 2 ноември 2024 (МИА) - Најмалку 84 Палестинци, од кои повеќе од 50 деца, загинаа во два масакра насочени кон палестински домови на северот од Газа, каде што израелската војска држи опсада веќе еден месец, јави Анадолија.

Владината канцеларија за медиуми во Газа соопшти дека израелската војска ги бомбардирала зградите на семејствата Шелајил и Ал-Гандур, каде што биле сместени 170 цивили.

„Во двата масакра извршени од окупаторската израелска војска животите ги загубија 84 лица, од кои повеќе од 50 деца, а десетици се исчезнати и повредени под урнатините“, се наведува во соопштението.

Во соопштението се истакнува дека „Израел изврши геноцид во Газа“ и дека се гаѓани згради каде што биле засолнети цивили и раселени Палестинци.

Се потсетува дека тимовите за медицинска и цивилна заштита не можеле да ги исполнат своите задачи, бидејќи се мета на северот на Газа, каде израелската армија спроведува цврста опсада околу еден месец.

Во соопштението се наведува дека израелската армија го срушила здравствениот систем во северниот дел на Газа и ги таргетирала болниците и ги ставила надвор од функција. ссм/

фото: архива

Остани поврзан