Голем број дојави за подметнати бомби во училишта низ Бугарија

Софија, 22 јануари 2025 (МИА) - Голем број дојави има за поставени бомби во училишта во повеќе градови во Бугарија, јавија бугарските медиуми. Дојавите се испратени по мејл и на телефонот за реакција на итни случаи (112), изјавија од МВР на Бугарија за ТВ Нова.
Станува збор дојави примени во образовни институции во Стара Загора, Враца, Варна, Перник и Софија. Полицијата веднаш реагирала со испраќање тимови за проверки.
Учениците се изнесени од училиштата. зш/
фото БТА