• сабота, 18 мај 2024

Николоски: Ја повикувам власта да се согласи и за предвремени избори и за референдум

Николоски: Ја повикувам власта да се согласи и за предвремени избори и за референдум
Скопје, 8 август 2022
Најновата анкета за истражување на јавното мислење и расположение на народот на француски ИПСОС, според кои резултати ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност во однос да СДСМ е точна и ја отсликува реалноста и расположението на македонските граѓани, вели потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој денеска во Прилеп оддаде почит на 21 годишнината на загинатите армиски прпадници кај Карпалак.
Во однос на обвинувањата на од страна на СДСМ дека анкетата била нарачана од ВМРО-ДПМНЕ, Николоски истакна дека анкети нарачуваат политички партии за да се види расположението на народот помеѓу два изборни циклуса.
-Анкети нарачуваат политички партии. Значи, анкетите секогаш се нарачани од политички партии, евентуално од институции и се главно мерило за тоа каде се наоѓа секоја политичка партија помеѓу два изборни циклуси. Секако најдобра анкета се изборите, но во меѓувреме, во цел демократски свет, тоа е начинот на кој што се мери перформансот и поддршката на секоја политичка партија, рече Николоски.
Додаде дека француската куќа за истраживање на јавното мислење ИПСОС, кој ја спроведе и последната анкета на барање на ВМРО-ДПМНЕ, до сега нема промашено истражување ниту на Балканот, ниту во Европа и ако тие излегуваат со тие бројки, тогаш во тој момент тоа е расположението на народот и доказ за тоа е и бегањето на власта и од избори и од референдум.
Николоски од Прилеп ја повика власта предводена од СДСМ и ДУИ, за да се увери дека бројките од анкетата се вистините, нека се согласи за предвремени парламентарни избори и за организирање референдум, каде што граѓаните преку овие две форми на непосредна демократија ќе ја кажат најточната анкета.
-Во однос на резултатите на анкетите, тие се апсолутно точни. Се работи за најголемата куќа во Европа за истражување на јавно мислење, тоа е француски ИПСОС кој што до сега нема промашено истражување, не само на Балканот туку зборувам на ниво на Европа. Така што, доколку ИПСОС излегува со тие бројки, тогаш во моментот тоа е расположението на народот. А всушност, најдобар доказ дека бројките се вистинити и на тоа што власта предводена од СДСМ и од ДУИ бега од две клучни работи на кои што точно може да се види расположението на граѓаните. Првото се предвремени парламентарни избори и второто е референдум на кој што граѓаните масовно ќе го одбијат овој бугарски предлог. Така што, ова се двете форми на непосредна демократија каде што граѓаните можат да ја кажат најточната анкета. Ги повикувам од тука, од Прилеп да се согласат и на предвремени избори и на референдум, истакна Николоски.
Одговарајќи на новинарско прашање Николовски истакна дека власта која го испразни буџетот заради криминал и погрешни политики сега удира по граѓаните и претпријатијата со повисоки даноци и потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ не само што е против зголемени даноци, туку е и за намалување на постојните. Николоски нагласи дека зголемувањето на даноците е дополнителен удар имајќи предвид дека доаѓа грејна сезона, цените на енергенсите растат, а власта ништо не презема. - Тоа е лоша работа, некако се избегнува темата што ќе се случува во Македонија во есента и зимата, кои ќе дојдат побрзо од што мислиме. Грејна сезона почнува некаде за два месеци од денес. Ситуацијата е катастрофална, цените на енергенсите одат високо и ништо не се прави од страна на власта да се ублажи тој удар. Дополнително затоа што буџетот е празен заради лоши економски политики и заради криминал и корупција, го прават најлошото можно, а тоа е да се удри по џебот на граѓаните и на претпријатијата, односно да се зголемат даноците, изјави Николоски. Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е против тоа и дека бизнисот треба има ниски даноци за да може да се развива и да отвора нови работни места. - ВМРО-ДПМНЕ е за ниски даноци и не само што е против зголемување на даноци, туку е и за кратење на постојните даноци затоа што сметаме дека најдобар начин да се развива бизнисот е да му се остави слобода, рамен терен за игра и да има ниско оданочување како би можеле средствата да се употребуваат за развој за нови производи и за нови работни места, рече Николоски.
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан