• среда, 24 април 2024

На УИТ „Свети Апостол Павле“ во Охрид конференција посветена на преприемничкото образование на младите

На УИТ „Свети Апостол Павле“ во Охрид конференција посветена на преприемничкото образование на младите

Охрид, 28 март 2023 (МИА) - „Партнерство за подобро образование во Европа и Евроазија“ е темата на конференцијата што во организација на „Џуниор Ачивмент Македонија“ се одржува денеска и утре на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” во Охрид.

Собирот има за цел да го привлече вниманието на јавноста во земјата за важноста на претприемничкото образование.

- Секој млад човек треба да има барем едно практично претприемничко искуство пред да го напушти училиштето, се посочува во соопштението по повод Конференцијата.

На средбата во Охрид претставници на „Џуниор Ачивмент организации од Албанија, Бугарија, Грузија, Молдавија, Романија, Србија и „Џиниор Ачивмент Европа“ ќе дискутираат за насоките со цел натамошно зајакнување на регионална соработка во областа на претприемничкото образование.

Преку панел дискусии, претставници од регионалните канцеларии на Џуниор Ачивмент и УСАИД, заедно со претставници од образовни институции, невладини организации и наставен кадар, ќе дискутираат за важноста на претприемничкото образование за успех во глобалната економија, за зајакнување на вештините и компетенциите на младите, како и важноста од промени, модернизација и следењето на најновите трендови во образованието.

Конференцијата се организира во рамки на проектот на УСАИД за Поддршка на претприемничко учење во Југоисточна Европа и Евроазија, имплементиран од Џуниор Ачивмент Македонија, а истиот им овозможува на младите да се стекнат со практично искуство за водење бизнис и развивање нови вештини како што се тимска работа, лидерство, презентирање, планирање и финансиско работење, потребни за успешно водење на економијата во земјата. аб/сп/

Фото: МИА

Остани поврзан