• вторник, 19 ноември 2024

Просечната нето плата во февруари 39 276 денари

Просечната нето плата во февруари 39 276 денари

Скопје, 23 април 204 (МИА) -  Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесувала 39 276 и во однос на февруари  минатата година е повисока за 16,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.9  проценти), Административни и помошни услужни дејности (22,5 проценти) и Уметност, забава и рекреација (20,4 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (10,1 процент), Рударство и вадење на камен (7,2 проценти) и Земјоделство, шумарство и рибарство (6,3 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58 967 денари.лв/

Остани поврзан