Државниот јавен обвинител Савески во работна посета на Врховниот суд
- Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска оствари работна средба со претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Африм Фидани.
Скопје, 15 април 2026 (МИА) - Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска оствари работна средба со претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Африм Фидани.
Како што соопшти ЈОРСМ, работната посета е во рамките на заложбите за поефикасна координација меѓу Јавното обвинителство и Врховниот суд.
Савески и Фидани разговараа за повеќе прашања кои треба да овозможат поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд, а по кои постапува и републичкото обвинителство.

-Во исто време Савески го запозна Фидани со плановите за воведување нов систем за електронско управување со предметите во обвинителствата, кој во иднина треба да овозможи и побрза дигитална размена на податоци со судовите, соопшти државното јавно обвинителство.
По преземањето на функцијата Савески минатата недела го посети и Уставниот суд. хс/лв/
Фото: Јавно обвинителство на Република Северна Македонија