• недела, 19 април 2026

Безбедни матурски прослави и спречување зависности - превентивни активности во Ресен и Тетово

Безбедни матурски прослави и спречување зависности - превентивни активности во Ресен и Тетово

Скопје, 15 април 2026 (МИА) - Превентивни активности за спречување на зависности, како и за безбедни матурски прослави, се реализираа денеска и во текот на вчерашниот ден, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Денеска полициски службеници од ОВР - Ресен реализираа превентивна активност во средното училиште „Цар Самоил“ во Ресен со матурантите од ова училиште, насочена кон обезбедување безбедни и достоинствени матурски прослави. Притоа беше потенцирано дека какво било нарушување на јавниот ред и мир ќе биде соодветно санкционирано, информираа од МВР.

Во текот на вчерашниот ден пак, во ОСУ „Никола Штејн“ во Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР - Тетово учествувале во превентивна активност насочена кон спречување на зависностите, пред сè, дрогата.

- Притоа, младите беа запознаени со штетните последици од користење дрога, како и со законските последици што ја санкционираат оваа девијантна појава, додадоа од МВР. бд/вј/

Фото: Фејсбук-страница на Министерство за внатрешни работи

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан