• четврток, 21 мај 2026

Средба Минчев – Маричиќ: Зајакнување на институционалната соработка и координацијата

Средба Минчев – Маричиќ: Зајакнување на институционалната соработка и координацијата

Скопје, 15 април 2026 (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, остварил работна средба со претседателот на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ и членовите на комисијата - соопшти денеска прес-службата на Министерството за јавна администрација. 

На состанокот биле разменети информации од заеднички интерес, при што се разговарало за можностите за унапредување на меѓуинституционалната соработка, како и за координација на активностите во насока на ефикасно и навремено спроведување на законските обврски на двете институции.

- Соговорниците ја истакнаа важноста од континуирана комуникација и партнерски пристап, со цел обезбедување транспарентност, професионалност и доверба во институционалните процеси - информира МЈА, потенцирајќи дека останува посветено на зајакнување на институционалната соработка и унапредување на административните капацитети, со цел обезбедување ефикасна, отчетна и сервисно ориентирана јавна администрација.лв/хс/

фото: Министерство за јавна администрација 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан