• четврток, 02 мај 2024
Од верските календари

24 април 2024 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 aприл.

Денеска е Св. свештеномаченик Антипа Пергамски.

Мачеништвото на свети Антипа, епископот на Пергам, паѓа уште во првиот век по Христа. Неговиот случај бил познат низ целата тогашна провинција Азија, каде и се наоѓал овој град. Го споменува и свети Јован Богослов во своето Откровение. Свети Антипа во тоа време беше светлината на Пергам, зашто тогашен Пергам беше полн со секакви заблуди, слично на големиот и познат Ефес. Не можејќи да го поднесат неговото сведоштво, локалните жреци го подигнаа народот против Антипа, го зграпчија и го фрлија во внатрешноста на еден вжештен бронзен вол што се наоѓаше пред храмот на Артемида. Свети Антипа преку овој сетилен оган премина во благиот оган на вечното непосредно општење со единствениот Бог.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Фиделис од Сигмаринген.

Бил роден во 1573 година во Сигмаринген. Неговото вистинско име било Марко Рој. Бил доктор, но поради верувањето во Христос одлучил да ја напушти кариерата и да им помага на болните луѓе. Сакал да ги обедини веќе разделените христијани, но многумина не го прифаќале тоа. Свети Фиделис бил убиен од протестантите.

###

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан