• петок, 17 мај 2024

На Тајван се одржува прва воена вежба на жени резервисти

На Тајван се одржува прва воена вежба на жени резервисти

Тајпеј, 9 мај 2023 (МИА) – Во тајванскиот град Таојуан почна првата петдневна воена вежба за жени резервисти, во која учествуваат 14 Тајванки.

Тајванското Министерство за одбрана во јануари првпат им дозволи на повеќе од 200 поранешни војници да се обучат како резервисти.

Воениот рок во Тајван е задолжителен за мажите, кои потоа се обучуваат за резервисти. И жените можат да одат во војска, но досега не можеа да тренираат со резервниот состав.

Кина на почетокот на минатиот месец спроведе воена вежби околу Тајван, со цел да го зголеми притисокот врз островот, кој Пекинг го смета за една од своите провинции. Вежбите беа одржани како одговор на средбата меѓу тајванскиот претседател Цаи Инг-вен и висок американски функционер. Пекинг се противи на какви било официјални контакти помеѓу Тајпеј и странските земји. Воените аналитичари го повикаа Тајван да го подготви своето население за можна инвазија. ми/

Фото: ЕПА

Остани поврзан