• недела, 19 мај 2024

На пратеник во израелскиот парламент му се одзема мандатот бидејќи ја поддржа тужбата на Јужна Африка против Израел

На пратеник во израелскиот парламент му се одзема мандатот бидејќи ја поддржа тужбата на Јужна Африка против Израел

Ерусалим, 30 јануари 2024 (МИА) - Комитетот на израелскиот парламент препорача денеска отстранување на мандатот на пратеникот на партијата Еврејско-арапска заедничка листа, Офер Касиф, бидејќи тој го поддржа тужбеното барање на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, за геноцид на Палестинците во Појасот Газа.

За одземање на мандатот гласаа 14 членови на комисијата, а двајца беа против. За предлогот да биде прифатен, треба да го поддржат 90 од вкупно 120 пратеници на Кнесетот.

Касиф е единствениот Евреин меѓу пратениците на Здружената листа, а денеска изјави дека тврдењето дека ја поддржува палестинската организација Хамас е „очигледна лага“ и дека е жртва на политички прогон.

Одговарајќи на барањето на Јужна Африка, Меѓународниот суд на правдата минатата недела побара од Израел да преземе мерки за да го спречи геноцидот врз Палестинците.

Израел тврди дека војната во Газа се води против Хамас, а не против цивилното население. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан