• среда, 24 април 2024

Традиционален меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Традиционален меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Скопје, 7 октомври 2023 (МИА)  - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе го отвори 22. Традиционален меморијален турнир во мал фудбал, во чест и сеќавање  на загинатите припадници на македонската полицијата во 2001 година и настаните во Куманово во 2015 година и загинатите припадници на Армијата на Република Северна Македонија во 2001 година.

Турнирот, како што информираат од МВР, е во коорганизација на Министерството за одбрана и здружението „Херои на Македонија 2001-2015“.

ПокрајСпасовски, на турнирот ќе се обратат и државниот секретар при Министерството за одбрана, Владимир Анчев, како и претседателот на здружението „Херои на Македонија 2001-2015“ Владо Стојановски.

На меморијалниот турнир ќе учествуваат 13 екипи составени од припадници на Армијата, на полицијата, семејствата на загинатите бранители и Агенцијата за млади и спорт. дма/лв/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан