• сабота, 18 мај 2024

МИА и ДИК ќе потпишат меморандум за соработка на одбележувањето на Глобалниот ден на изборите

МИА и ДИК ќе потпишат меморандум за соработка на одбележувањето на Глобалниот ден на изборите

Скопје, 6 февруари 2024 (МИА) - Медиумската информативна агенција (МИА) и Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе потпишат меморандум за соработка во рамки на одбележувањето на Глобалниот ден на изборите. 

Целта на меморандумот е да се поттикне духот на заемна поддршка и соработка меѓу Државната изборна комисија и Медиумската информативна агенција, со цел надминување на предизвиците и унапредување на можностите за подобрување на изборниот процес и придонесување кон кредибилитетот и интегритетот на изборите.

Глобалниот ден на изборите веќе 19 години се одбележува секој 6 февруари, како резултат на заложбата која произлегла од Глобалната конференција за избори која се одржала од 15 до 17 септември 2005 година во Будимпешта, Унгарија.

На овој ден изборните комисии ширум светот организираат тркалезни маси, дебати, работилници, средби со граѓани и сл. со цел да ја истакнат посветеноста на заштита на правото на глас како едно од основните човекови слободи и права. ев/лв/

 



Остани поврзан