• сабота, 27 јули 2024

Началникот на Генералштабот на Иран нареди истрага за падот на претседателскиот хеликоптер

Началникот на Генералштабот на Иран нареди истрага за падот на претседателскиот хеликоптер

Техеран, 20 мај 2024 (МИА) - Началникот на Генералштабот на армијата на Иран, Мохамад Багери нареди денеска истрага за причините за хеликоптерската несреќа во која загинаа претседателот Ебрахим Раиси и неговата придружба.

Багери му нареди на „Високиот комитет да започне истрага за причините за падот на хеликоптерот на претседателот“ што се случи вчера, јавија иранските медиуми. мс/

фото: „Х“

Остани поврзан