• среда, 10 јули 2024

НАТО сојузниците се договорија за соработка околу набавката на мини во регионот на Балтичко Море

НАТО сојузниците се договорија за соработка околу набавката на мини во регионот на Балтичко Море

Вашингтон, 9 јули 2024 (МИА) - Германија и пет други сојузници на НАТО во регионот на Балтичкото Море планираат заедно да купат повеќе морски мини.

„Морските мини се „многу ефикасен начин за одвраќање на агресорот на море и тие се исклучително важна способност наспроти руската агресија“, рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Писториус потпиша декларација пред самитот на НАТО во Вашингтон. Данска, Финска, Норвешка, Полска и Шведска се исто така дел од договорот за заедничка набавка и одржување на морски мини во регионот.

Балтичкото Море е оценето од аналитичарите на НАТО како потенцијална точка на конфликтот со Русија и Алијансата го засили своето присуство на исток по целосната руска инвазија на Украина во 2022 година. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан