• среда, 10 јули 2024

Новата европска ракета Аријана 6 лансирана во вселената

Новата европска ракета Аријана 6 лансирана во вселената

Куру, Француска Гвајана, 9 јули 2024 (МИА) – Европската ракета Аријана 6 патува во вселената на својот инаугуративен лет откако денеска беше лансирана од европскиот космодром во Куру во Француска Гвајана.

Како што јави ДПА, ракетата полета околу 19:00 часот по Гринич. Со ова лансирање, европскиот вселенски сектор се надева дека ќе ја надмине кризата во секторот за лансери и повторно ќе воспостави сопствен пристап до вселената за сателитите.

Аријана 6 е наследничка на Аријана 5, која беше во функција од 1996 година до летото 2023 година. Дизајнирана е да лансира сателити во вселената за комерцијални и државни клиенти и е значително поевтина од нејзината претходничка.

Првото комерцијално лансирање на Аријана 6 е закажано за пред крајот на годинава. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан