Бајден задутре ќе се сретне со Зеленски
- Американскиот претседател Џо Бајден в четврток попладне ќе се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

Вашингтон, 9 јули 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден в четврток попладне ќе се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски.
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека средбата ќе се одржи на маргините на самитот на НАТО, непосредно пред состанокот на Советот на НАТО-Украина.
Тоа ќе биде трет пат двајцата лидери да се сретнат во последните недели, потсети таа. јт/
Фото: ЕПА архива