• среда, 10 јули 2024

Столтенберг: НАТО нарача пакет ракети Стингер во вредност од 700 милиони долари

Столтенберг: НАТО нарача пакет ракети Стингер во вредност од 700 милиони долари

Вашингтон, 9 јули 2024 (МИА) – НАТО нарача противвоздушни ракети Стингер во вредност од речиси 700 милиони долари во име на неколку земји-членки, изјави денеска генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој на собирот на лидерите од одбранбената индустрија на маргините на самитот на НАТО во Вашингтон изјави дека НСПА, агенцијата за набавки на Алијансата, потпишала нов мултинационален договор за ракети Стингер во вредност од речиси 700 милиони долари.

Последниот договор за ракети Стингер беше склучен во мај 2022 година, кога американската војска склучи договор за противвоздушни ракети за 625 милиони долари за да ги надополни резервите испратени во Украина. јт/

Фото: Х

Остани поврзан