• недела, 19 мај 2024

Награда „Златен Птоломеј“ за Светлана Мишева од Македонската заедница во Холандија

Награда  „Златен Птоломеј“ за Светлана Мишева од Македонската заедница во Холандија

Скопје, 17 март 2024 (МИА) - Македонската активистка Светлана Мишева во Ротердам е одлукувана со  наградата „Златен Птоломеј“ - наметка на македонското достоинство и стана почесен претседател на Македонската заедница во Холандија.

-Светлана Мишева е голем промотор на Македонија од својата рана младост како активен член на фолклорниот ансамбл „Орце Николов„ и во 60-тите години на минатиот век настапувала на скоро сите фолклорни фестивали низ целиот свет. Во Холандија живее од 1971 година и таму помагала на бегалци, сиромашни и болни за чија хуманост, посветеност и грижа е одликувана во 2009 година, соопштија денеска од Македонска заедница во Холандија.

Мишева е единствен одликуван граѓанин од македонско потекло со награда за животно дело од Македонската заедница во Холандија.

За Мишева на настанот зборувал поранешниот градоначалник на Хендрик-Идо-Амбахт, Херман Јонкер во чиј мандат беше доделено одликувањето. 

-Херман Јонкер во пофалната реч се наврати во сеќавањата кога за првпат ја запознал Светлана, како подоцна станале колеги во Работничката партија во Холандија, за нејзините функции во општинскиот совет и за нејзината пред сѐ човечка димензија и пристапот кон лица од различни националости. Светлана Мишева го збогати нашето општество со нејзиното присуство и работа овде и сесрдно ѝ благодариме за тоа, велат од Македонска заедница во Холандија.

На настанот исто така присуствувале и претставници на Македонската амбасада од Хаг, македонската црковна општина од Утрехт, претставници на македонската академска заедница во Холандија и македонски активисти од Германија, Франција и Белгија.

-Светлана Мишева ги повика Македонците во Холандија и во светот да не се откажуваат од својата културна и идентитетска борба, посочуваат во соопштението од Македонската заедница во Холандија.бт/лв/

Фото: Македонска заедница во Холандија.

Остани поврзан