• четврток, 13 јуни 2024

Министрите за одбрана на НАТО ќе разговараат за нуклеарно прилагодување

Министрите за одбрана на НАТО ќе разговараат за нуклеарно прилагодување


Брисел, 13 јуни 2024 (МИА) - Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО на состанок што ќе се одржи денеска и утре во Брисел ќе разговараат за прилагодувањето на нуклеарните капацитети на сегашната безбедносна средина.

- Во рамки на министерскиот состанок ќе се состане групата за нуклеарно планирање, на која сојузниците ќе разговараат за тековното прилагодување на нуклеарните капацитети на сегашната безбедносна средина, изјави синоќа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На прашањето каква порака испраќа НАТО до Москва со тоа, Столтенберг рече дека сојузниците мора јасно да соопштат дека „нашето нуклеарно одвраќање е ефективно, безбедно и доверливо“. зш/

Остани поврзан