• сабота, 21 декември 2024

Руските обвинители го проследи случајот на Гершкович до судот, обвинувајќи го дека работи за ЦИА

Руските обвинители го проследи случајот на Гершкович до судот, обвинувајќи го дека работи за ЦИА

Москва, 13 јуни 2024 (МИА) - Руските обвинители го проследија случајот на притворениот американски новинар Еван Гершкович до судот, откако заклучија дека тој собирал информации за Централната разузнавачка агенција (ЦИА) за руската фабрика за тенкови, јавија светските агенции.

Руското државно обвинителство соопшти дека го одобрило обвинението и дека овој кривичен случај ќе биде разгледан пред судот во градот Екатеринбург на Урал, каде што новинарот беше уапсен во март 2023 година под сомнение за шпионажа.

Не е кажано кога случајот ќе почне да се разгледува. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан