• петок, 21 јуни 2024

Аргентинскиот претседател Милеи ќе се сретне со Си Џинпинг во Кина

Аргентинскиот претседател Милеи ќе се сретне со Си Џинпинг во Кина

Буенос Аирес, 13 јуни 2024 (МИА) - Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи во наредните недели ќе отпатува за Кина каде ќе се сретне со својот колега Си Џинпинг, јавија светските агенции.

Централната банка на Јужноамериканската Република претходно соопшти дека Аргентина и Кина го продолжуваат договорот за размена на валути до јули 2026 година (кога централната банка на една земја ќе ја прифати валутата на друга земја за да ја олесни билатералната трговија) во висина од пет милијарди долари.

Аргентина требаше да исплаќа милијарди долари овој и следниот месец, доколку не постигнеше продолжување на договорот со Кина. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан