• петок, 17 мај 2024

Министерката Шукова во посета на УГД и лабораторијата „Амбикон“

Министерката Шукова во посета на УГД и лабораторијата „Амбикон“

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, постојаниот претставник на Обединетите Нации во Северна Македонија, Армен Григорјан и амбасадорката на Кралството Шведска во државава, Ами Ларсон Јаин денеска ќе ги посетат Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и лабораторијата „Амбикон“.

На настанот ќе присуствуваат и градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев и градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Посетата е во рамките на проектот „Справување со загаденоста на воздухот“, финансиран од Шведска, кој во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање го спроведува УНДП во пет општини во државата: Кавадарци, Куманово, Струга, Струмица и Гостивар. мч/лв/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан