• сабота, 18 мај 2024

Мигранти од Сирија пронајдени во липковско село, некои со повреди на телата

Мигранти од Сирија пронајдени во липковско село, некои со повреди на телата

Скопје, 12 февруари 2024 (МИА) - Петнаесет мигранти од Сирија биле пронајдени во липковско село, некои со повреди на телата, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, вчера било пријавено дека околу 10 часот во село Лојане, липковско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, пронашле 15 лица - мигранти од Сирија, од кои дел имале повреди на телата, се појаснува во соопштението на МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан