• понеделник, 17 јуни 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

17 мај

Денеска (17.05.2024), Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три лица од Кавадарци и Неготино, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” по член 215 од Кривичниот законик. Имено, во периодот од јануари до април 2024 година лицата се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на марихуана и кокаин и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на дрога. За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување обезбедени се материјални докази и утврдено е дека во наведениот период пријавените пуштиле во промет поголема количина на кокаин и марихуана. Лицата ќе бидат спроведени пред судија за претходна постапка.   

На 16.05.2024 во 10.45 часот во Полициската станица Берово, И.Б.(80) од Скопје пријавил дека во стар објект – воденица, во негова сопственост во с.Владимирово, пронашол рачна бомба. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата и констатирал дека станува збор за рачна бомба со потекло од Првата светска војна.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Љ.А.(47) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед во неговото возило, извршен на улица „Петар Ѓонѓески Гиле“ во Струга, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога пронајдоа и одзедоа хероин.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Н.(47) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 05.05.2024 во близина на угостителски објект на улица „Скопска“ во Струга, пријавениот физички го нападнал Р.М.(39) од Струга.   

На 17.05.2024 во 05.20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Неготино - Демир Капија, патничко возило „рено“ со српски национални ознаки, управувано од А.Ц.(47) од Република Србија, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Х.Л.В.(68), додека возачот и сопатниците А.В.(43) и В.Л.(54) од Република Србија се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Неготино. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.

На 16.05.2024 во 12.30 часот во ОВР Прилеп, 76 – годишна жена од Прилеп пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од 380.000 денари. Според пријавеното, на 15.05.2024 лицето телефонски ѝ се јавило и, претставувајќи се како полициски инспектор, ѝ кажало дека нејзината внука во сообраќајна несреќа во Охрид удрила дете-мигрант. Како што е пријавено, тој, исто така, откако ѝ кажал дека родителите на детето барале пари, а доколку не им даде нејзината внука ќе одела во затвор 10 години, таа се согласила и следната вечер во нејзиниот дом дошло женско лице на кое му ги дала парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (17.05.2024) во 02.30 часот пред угостителски објект во Градски парк - Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода А.М.(20) од Скопје, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и И.Д.(27) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 16.05.2024 во 13.04 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен З.Ѓ.(44) од Велес. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во приватна фирма на подрачјето на Ѓорче Петров. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а за настанот бил запознаен и трудов инспектор.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ќ.С.(29) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.07.2023 во с.Јосифово, неготинско, полициски службеници запреле патничко возило, во кое сопатник бил С.П.(24), кај кого при преглед биле пронајдени и одземени марихуана и метилен-диоксиметамфетамин, кои ги набавил од пријавениот. 

На 15.05.2024 во 01.15 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од својот невенчан сопруг И.Р.(33) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

Денеска (17.05.2024) во 03.00 часот во СВР Скопје, Џ.Џ.(34) од Скопје пријавила дека на 16.05.2024 околу 21.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, поради претходни недоразбирања, била физички нападната од А.Ш.Ј., која го оштетила и нејзиното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.И.(54) од Битола, вработен во Клиничка болница Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“. На 03.07.2023 пријавената, без одобрение од одговорни лица, на главна расправа во Основен суд Битола, се послужила со службена документација која неовластено ја одзела од болницата.

На 16.05.2024 во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.05.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено - поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.К.Д.(55) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање или уништување на службен печат или спис“. На 14.02.2024 во просториите на АД „Пошта на Република Северна Македонија“ во Ресен, пријавениот противправно одзел и скинал писмо наменето за неговата сопруга.

На 16.05.2024 во 13.10 часот во СВР Скопје, Ф.Ч.(48) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од Џ.М.(41) и Б.М.(39), двајцата од с.Арачиново, скопско, при што едниот од нив употребил тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.05.2024 во 11.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ш.Д.(54) од Скопје пријавила дека од нејзиниот дом се оддалечила нејзината штитеничка С.Џ.(16), која ѝ била доделена за згрижување од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, а која и претходно се оддалечувала и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.   

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ј.П.(63) и С.П.(58), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 29.04.2024, пријавените физички го нападнале А.Ч. и му упатиле закани со намера да влијаат врз исказ за постапка која се води против нив во суд.

На 16.05.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.   

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(38) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 11.01.2024 на автопатот Велес – Градско, при сообраќајна контрола, пријавениот приложил неважечка возачка дозвола.

МВР

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан