• четврток, 25 јули 2024

МВР: Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога

МВР: Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Гевгелиската полиција вчера во 15.30 часот, го лишила од слобода Ј.Н.(48) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени стебла канабис и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Како што информираат денеска од МВР, за настанот бил запознаен јавен обвинител и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/цр/

фото МИА архива

 

Остани поврзан