• петок, 22 ноември 2024

Четиримесечно бебе починало во Богданци, подолг период било на лекување во болница

Четиримесечно бебе починало во Богданци, подолг период било на лекување во болница

Струмица, 25 јули 2024 (МИА) - Машко бебе на четиримесечна возраст вчера починало во Богданци, а смртта во полицијата ја пријавил лекар од Итната медицинска помош од Гевгелија, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според полицијата, бебето од раѓање имало здравствени проблеми и подолг период било на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Екипа од ОВР Гевгелија извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител од ОЈО Велес телото на бебето било предадено на обдукција.рт/цр
Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан