• четврток, 25 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднел кривична пријава против А.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце, Д.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце и Ј.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Јажинце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Од МВР денеска соопштија дека првопријавениот А.Д. на 23.05.2022 и второпријавениот Д.Д. на 24.05.2022 во текот на работното време додека биле ангажирани во шумски предел кај место викано „Ѓинов Камен“, без да бидат исполнети законските услови за употреба на огнено оружје, пукале со службена автоматска пушка, која ја задолжиле пред излегувањето на смена, во присуство на други полициски службеници кои заедно со нив биле работно ангажирани. Исто така, првопријавениот А.Д. на 29.02.2024 и третопријавениот Ј.Б. на 08.03.2024, во време кога не биле работно ангажирани, во шумски предел во близина на место викано „Ѓинов Камен“, во присуство на неколку лица, рафално пукале со автоматска пушка. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Ј.Б. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. За полициските службеници А.Д. и Д.Д., поради изминување на роковите за водење на дисциплинска постапка, се наведува во соопштението од МВР, нема да биде поднесен предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

На 24.07.2024 во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Ј.Н.(48) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени стебла канабис и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.07.2024 во 16.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Р.(23) од Битола. Тој се сомничи дека околу 15.30 часот влегол во дворот на С.Б.(74) од Битола и со употреба на сила ѝ одзел личен накит. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.07.2024 во 23.50 часот во угостителски објект на регионален пат Тетово – Волковија, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Л.(33) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 24.07.2024 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.К.(25) од с.Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.07.2024 во 23.50 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода О.Ф.(20) од Тетово, затоа што при негов и преглед во неговото патничкото возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

На 25.07.2024 во 01.10 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Н.Л.(37) од Тетово, кој бил баран со потерница по издадена судска наредба за издржување на затворска казна. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 24/25.07.2024, во периодот од 23.00 часот до 03.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово - Полициско одделение Галате извршиле акциска контрола во угостителски објект во близина на автопатот Тетово-Гостивар, сопственост на Р.Б.(49) од Гостивар, а со цел пронаоѓање на странски државјани кои илегално престојуваат и работат на подрачјето и на лица кои се бараат по разни основи, присуство во угостителски објекти на  малолетници по полноќ, контрола на возила и сл. При контролата биле приведени сопственикот Р.Б. и Ф.Б.(48) од гостиварски Добридол, кои биле барани по распишана потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. При контролата, исто така, биле приведени 4 странски државјанки од 33 до 49-годишна возраст од Албанија и Косово, кои непријавено престојувале на подрачјето и го злоупотребиле туристичкиот престој. Во текот на контролата, во друг угостителски објект во Неготино, полошко, биле затекнати и приведени три државјанки на Република Албанија на возраст од 31 до 33 години, кои немале регулиран престој на подрачјето. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола осум санкции, десет мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, три мерки за користење на мобилен телефон при возење...

На 24.07.2024 во 22.50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на крстосница од регионален со локален пат, помеѓу струшките села Боровец и Лабуништа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, управуван од малолетник од с.Лабуништа и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Ф.Н.(53) од с.Лабуништа, двете со струшки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и неговиот малолетен сопатник констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

На 24.07.2024 во 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Кочани, во близина од крстосница од ул.„Брегалничка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „чемп“ и мопед „лонџиа“, двата со штипски регистарски ознаки, управувани од двајца малолетници од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал мопедот „чемп“, а другиот малолетник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.  

Денеска (25.07.2024) во 02.620 часот во с.Лојане, липковско, полициски службеници од СВР Куманово го привеле О.Ч.(39) од Полска, со живеалиште во Израел, поради нелегален престој во државата, при што не поседувал ни документи за идентификација. Тој бил задржан во СВР Куманово за понатамошна постапка. цр/

Фото: МИА архива

На 24.07.2024 во 19.10 часот во Полициската станица Центар, К.С.(22) од Велес пријавил дека на ул.„Радњанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 24.07.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, П.А.(85) од Скопје пријавил дека на ул.„Мечкин Камен“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

Остани поврзан