• вторник, 11 февруари 2025
МИА Флеш

10 февруари 2025

Скопје – Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека се хрибридни закани пораките по електронски пат што во петокот ги добија училиштата со предупредувања за поставени експлозивни направи, за кои се утврди дека се лажни дојави по проверките од полицијата.

-Разликата од претходно е што веднаш, уште утрото, се слушнавме со министерката (за образование), организиравме со министерот за внатрешни работи една ад хок работна група која ги разгледа проблемите со кои се соочува системот, развивме неколку методологии коишто треба да се следат во наредниот период за превентива на подолг рок, изјави Андоновски при посетата на ОУ „Димитар Македонски“ по повод одбележување на Денот на безбеден интернет.

Скопје – Обвинителката од Вишото јавно обвинителство Наташа Крстевска Цалева ќе ја презема функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство, додека трае оддалечувањето на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.

Ваквата одлука беше едногласно донесена денеска на седница на Советот на јавни обвинители, каде што беше посочено дека вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи не може да раководи со Обвинителството со оглед на тоа дека против него се води кривична постапка. 

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека онколошките пациенти во државава веќе имаат терапија. Истовремено, тој нагласи дека дисперзацијата мора да функционира.

За онколошките пациенти, сигурен сум дека веќе имаат терапија. Дисперзацијата мора да функционира. Значи Битола, Тетово, Штип и ГОБ „8 Септември“, ќе мора да дистрибуираат и да дадат терапија на одредени пациенти коишто можат да примат во тие болници. Ќе останат најтешките пациенти да бидат третирани во клиничка болница на Клиниката за онкологија, одговори Таравари на новинарско прашање, по официјалното пуштање во употреба на компресорската станица за хируршките клиники.

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари денеска најави разрешување на уште некој директор на јавна здравствена установа.

- Ќе смениме најверојатно уште некој директор. Засега се сменети двајца директори, во „Козле“ и во Општа болница во Гостивар, одговори министерот на новинарско прашање, по официјалното пуштање во употреба на компресорската станица за хируршките клиники.

Скопје - Во рамки на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средби со спикерот на Парламентот на Нов Јужен Велс, Грег Пајпер, заменик-спикерката Сонија Хорнери и пратеникот Нејтан Хагарти.

На средбите, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се разговарало за одличните билатерални односи помеѓу двете земји, можностите за нивно продлабочување, како и значењето на парламентарната демократија и институционалната соработка.

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари и еден од лидерите на Вреди која е дел од владејачката коалиција, во коментар за обвинувањата на ДУИ дека опаѓа застапеноста на Албанците на високи позиции во институциите, кажа дека постојаното упатување критики е дел од нејзината работа како опозициска партија.

-ДУИ е опозиција и тоа и е работа – да критикува нон-стоп, рече Таравари на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новата компресорска станица за хируршките клиники.

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека според него, ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар „бекап“ за клинички центар.

- Мислам дека ГОБ „8 Септември“ треба да биде втора клиничка болница во Скопје, меѓутоа треба да се дадат повеќе ингеренции. Мислам дека „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар „бекап“ за Клинички центар, нагласи министерот, одговбарајќи на новинарски прашања по официјалното пуштање во употреба на компресорската станица за хируршките клиники.

Скопје -  Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска информира дека Европската Унија усвои нова Регулативата (ЕУ) 2024/1157 на Европскиот Парламент и на Советот од 11 април 2024 година за пратките на отпад (увоз, извоз и транзит на отпад), која влезе во сила на 20 мај 2024 година и со која се менува Регулативата (ЕУ) бр.1257/2013 и (ЕУ) 2020/1056 и се укинува Регулативата (ЕС) бр.1013/2006.

- Целта на новата Регулатива е да се зајакне спроведувањето на законодавството во насока на спречување на илегален извоз на отпад од земјите членки на ЕУ и во трети земји, а со цел да се осигура еколошки здраво управување со пратките на отпад во ЕУ и надвор од ЕУ. Регулативата наметнува нови правила за увоз/извоз/транзит на отпад и за земјите кои не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во која група припаѓа Република Северна Македонија, стои во соопштението.

Скопје - Министерството за социјална политика демографија и млади (МТСП) ги информира жителите на Општина Врапчиште дека по извршен контролен инспекциски надзор во ЈОУДГ „Пранвера“ Врапчиште утврдено е дека Општина Врапчиште по одземање на ингеренциите на градоначалникот на Општината во делот на именување на в.д. директор на установата и поставување на в.д. директор од страна на министерството, го одзела возилото од предучилишната установа (сопственост на општината), иако во јуни 2021 година го дала на користење на предучилишната установа на неопределено време.

- Се до 31.01.2025 година, кога е извршена законска смена на в.д директорот на  предучилишната установа, таа го користела  возилото за дотур на храна за 40 деца згрижени во објектот во село Добри Дол. Оттогаш па до денес  храна во овој објект се врши отежнато со помош на приватни возила, стои во соопштението.

Скопје - Високото ниво на независност и кредибилитетот во работењето на Народната банка се едни од најважните фактори што придонесоа за успешно остварување на целите и за макроекономската стабилност во изминатите години и покрај неколкуте последователни кризи на светско ниво, беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Кралството Холандија во земјава, Узлем Џанел.

Како што информира Народната банка, Ангеловска-Бежоска нагласила дека монетарната политика е и ќе биде насочена кон одржување на ценовната стабилност на среден рок, кон јакнење на капацитетите, како и кон исполнување на стандардите за пристап до европскиот систем на централни банки.

Тирана - Македонското друштво „Илинден“ - Тирана продолжува со својата мисија за зачувување на јазикот и образованието на македонскиот мајчин јазик на припадниците на македонската заедница во Албанија.

Во тие рамки последователна активност е барањето за отворање лекторат по македонски јазик во Корча.

-Во името на нашето друштво поднесов барање до Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура за отворање лекторат по македонски јазик на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча, Албанија. Потоа барање ќе доставиме и до Ректоратот на универзитетот во Корча. Искрено се надеваме на позитивен одговор од сите институции, рече за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Амстердам - Цената на природниот гас на европскиот пазар утринава се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023 година, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на гасниот центар во Холандија (ТТФ).

Индексот на цените, како одраз на динамиката на цените на синото гориво со кое се тргува во гасниот центар во Холандија, достигна утрово до 58,29 евра за мегават-час природен гас, со испорака во март.

Москва - Рускиот заменик - министер за надворешни работи Михаил Галузин изјави дека Русија останува отворена за дијалог за решение на конфликтот во Украина, пренесоа руски медиуми.

„Остануваме отворени за дијалог и се залагаме за навистина праведно, сеопфатно и конечно решение на кризата, што може да се постигне само со искоренување на нејзините основни причини, а двете главни причини се проширувањето на НАТО и газењето на правата на етничките Руси и жителите на Украина кои зборуваат руски“, рече Галузин.

Гaза - Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Калил ал Хаја, денеска изјави дека плановите на САД и американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа се „осудени на неуспех“.

„Ќе ги уништиме како што ги урнавме сите нивни претходни проекти“, рече Ал-Хаја за време на церемонијата по повод 46-годишнината од иранската револуција во Техеран.

Њујорк -  Речиси сите нации го пропуштија рокот на ОН до денеска да поднесат нови цели за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, вклучително и големите економии во однос на климатските промени. Само 10 од речиси 200 земји од кои се бара според Парискиот договор да достават нови климатски планови до 10 февруари, го сторија тоа навреме, според базата на податоци на ОН за следење на поднесоците.

Според климатскиот договор, секоја земја треба да обезбеди поостри главна бројка за намалување на емисиите што ја задржуваат топлината до 2035 година и детален план за тоа како да се постигне тоа.

Пекинг - Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји неделава ќе оди на мини-турнеја низ Европа и ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција, соопшти денеска кинеската дипломатија.

Наречена „Давос на одбраната“, конференцијата во Минхен, која ќе се одржи од 14 до 16 февруари, ја обединува елитата на глобалната геополитика.

Тагови

Остани поврзан