• понеделник, 07 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски
МИА Радио флеш

Скопје - По најавата на лидерот од опозициската СДСМ Венко Филипче дека следната недела во Собранието ќе иницира лидерска средба по пожарот во Кочани, денеска од Владата велат дека кај нив нема стасано официјално барање, ниту пак иницицијатива од СДСМ, но дека Владата и премиерот се отворени за секаков предлог и иницијатива која има за цел да помогне. 

-Не е пристигнато официјално барање до Владата, ниту пак има иницијатива од СДСМ. Забележани се само најави од медиуми. Вакви сериозни ситуации налагаат сериозен пристап. Владата и премиерот се отворени за секаков предлог и иницијатива која има за цел да помогне, велат од Владата за МИА.

Скопје - Динамиката на спроведување на раформската агенда од Планот за раст за земјава е добра, но не е доволна, оцени министерот за европски прашања Орхан Муртезани на денешната презентација на мерките од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Северна Македонија на заедничката прес конференција во Владиниот медиа центар со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас. 

Муртезани на новинарско прашање истакна дека согласно Реформската агенда која е донесена во Брисел за сите реформи кои нема да се исполнат во одредениот рок, стапува во сила автоматски грејс период од 12 месеци, но нагласи тоа за нас не треба да биде олеснителна околност, бидејќи за секој период има дополнителни реформи и ако ние не ги спроведуваме на време тие ќе се соберат, што на крај би значело, вели, дека нема успешно да ги реализираме.

Скопје - По трагедијата во Кочани, до Министерството за образование не се пристигнати дојави за какви било несакани појави или реакции од типот на агресии, но апели за помош има и на нив се одговара веднаш, во соработка со стручните служби.

Како што изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, трагедијата што се случи е проблем на целото општество, а процесот на заздравување ќе потрае. Во него треба да се вклучат сите, без исклучок, и наставниците и стручните служби и родителите, за да им се помогне пред се, на младите. 

Скопје - Нови осум пациенти повредени во пожарот во Кочани од скопските клиники се пуштаат на домашно лекување, а деветмина се враќаат од странство, информира денеска на прес-конференеција министерот за здравство Арен Таравари. 

На клиниките во Скопје, според него, ќе останат само 14 пациенти, додека на лекување во странство остануваат 91 пациент. Осумте пациенти кои денеска треба да стигнат, тројца од Унгарија, двајца од Италија и по еден од Атина, Белград и Шведска, според протоколите на Кризниот штаб, ќе останат најмалку 24 часа на скопските клиники на дополнителни проверки. Една пациентка од Бугарија, појасни, веќе е во хотел и оди само на амбулантски прегледи.

Скопје - Пораката на Планот за раст е мошне јасна - тоа е сеопфатна понуда од Европската Унија за Западен Балкан за да се поттикнат социоекономските услови кои што отвораат нова страница во нашите односи. Вклучува збир мерки кои што нудат прогресивен пристап до единствениот пазар на ЕУ, до заедничкиот регионален пазар како и механизми за стимулирање реформи. Реформската агенда од Планот за раст е досега невидена можност за земјата да ги забрза клучните придобивки од членството во ЕУ, како и да ја зголеми економкста конвергентност пред пристапувањето.

Ова го истакна шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, на денешната презентација на мерките од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Северна Македонија на прес конференцијата со министерот за европски прашања Орхан Муртезани во Владиниот медиа центар. Тој упати честитки што земјава е прва од државите во регионот што го потпиша договорот за инструменти и заеми од Планот за раст и за добрата Реформска агенда. 

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Во рок од два месеца од трагичниот настан, надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против безбедноста во сообраќајот за кое е запретена максимална затворска казна до 20 години.

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари во текот на денешниот ден одржал средба со репрезентативни синдикати за здравство. На средбата се решило повеќегодишното барање на синдикатите за урамнотежување на коефициентот за исплата на плати, информираат попладнево од Министерството за здравство.

Според министерот, континуиран раст на платите и подобрување на статусот на здравствените работници, било повод за денешната средба со репрезентативните синдикати, каде се афирмирала одличната заедничка соработка.

Скопје - Од ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија - Скопје информираат дека поради покомплексен дефект на рендгенските цевки на двата компјутерски томографи (КТ), што се наоѓаат во деташираните одделенија на ургентeн центар и хируршките клиники, пациентите со итна патологија кои имаат потреба од КТ дијагностика од денеска се привремено пренасочувани кон другите јавни здравствени установи. Ова се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство, од каде појаснуваат дека за таа цел е изготвен план за упатување на пациентите до надминување на дефектот.

Како што нагласуваат, на дефектот се работи интензивно со цел континуитет во работата и највисока можна здравствена заштита за пациенти. 

Белград - Трета децанија Србија е во депопулација - намалување на бројот на жители, каде доминира негативниот природен прираст, се нагласува во студијата објавена денеска на Републичкиот завод за статистика (РЗС) „Населението на Србија - динамика и структури, 2022 година“, јави дописникот на МИА од Белград. 

Намалувањето на вкупното население во земјата од 8,0 отсто меѓу последните два пописи е значително регионално нерамномерно, со најнеповолни движења во источните и јужните делови на државата.
Сепак, градот Белград се уште не се соочил со пад на населението поради позитивниот биланс на внатрешната миграција, додека емигрирањето е најизразено во северна Војводина.

Загреб - Обилните врнежи во последните 24 часа предизвикаа излевање на реката Вучица и поплави во Вировитичко-Подравска област, особено во градот Ораховица и околните општини, каде што наврнаа речиси 80 литри дожд на квадратен метар, јави Хрватската радио-телевизија (ХРТ).

Активиран е кризниот штаб за цивилна заштита во Ораховица, а на терен се службите на државната компанија „Хрватски води“, пожарникари, комунални работници и спасувачка екипа со чамец од Слатина за евентуална евакуација.

Тирана – По покана на претседател Бајрам Бегај, во официјална посета на Албанија престојува неговиот словачки колега Петер Пелегрини, што е прва посета на претседател на Словачка на Албанија. По пречекот со сите државнички почести двајцата претседатели,  имаа тет-а-тет средба, по што одржаа заедничка прес-конференција.

Пелегрини изјави дека неговата посета на Албанија е историска за односите меѓу две земји, при тоа ги пофали достигнувањата на Албанија и спроведените реформи и ја потврди „непоколебливата поддршка на Словачка за Албанија на нејзиниот пат кон ЕУ“.

Атина - Припадниците на вооружените сили во следните неколку месеци ќе добијат зголемување на нивните месечни приходи, што ќе се движи од 13 до 20 отсто и повеќе, а зголемувањето ќе зависи од чинот, позицијата на одговорност, раководната позиција и категоријата, соопшти министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас објасни дека станува збор за мерка во рамките на т.н „Агенда 2030“ за реформа на грчката армија, а зголемувањето на платите ќе се спроведува од 1 април 2025 година, ќе се финализира на 1 октомври 2025 година и ова, како што рече, е првата фаза.

Сараево - Обилните врнежи од дожд што паднаа во текот на ноќта во Унско-санскиот кантон во северозападниот дел на Босна и Херцеговина доведоа до значително зголемување на нивото на реките и поплави во некои области, јавија босанските медиуми.

Според податоците на кантоналната управа за цивилна заштита, водостоите во многу градови и општини достигнале или надминале критични точки, поради што се потребни итни мерки за заштита.

Посебно загрижувачка е состојбата во Сански Мост, каде водостојот на реката Сана наеднаш се искачи на 435 сантиметри, додека вчера беше 169 сантиметри. Реката се излеа во повеќе области на градот.

Анкара - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му посочил на рускиот лидер Владимир Путин дека Турција придава големо значење на соработката со Русија во однос на Сирија, соопшти во објава на Икс турското претседателство по нивниот телефонски разговор.

Ердоган нагласил дека е од клучно значење Анкара и Москва да работат заедно за постигнување траен мир и стабилност, базирани врз територијалниот интегритет на Сирија. Според него, двете земји можат заеднички да дејствуваат во елиминирањето на „обидите за поттикнување етнички и верски поделби кои го загрозуваат единството на Сирија“, како и за целосно укинување на санкциите против арапската држава.

Париз - Францускиот Уставен суд донесе одлука според која политичарите треба веднаш да бидат дисквалификувани од јавни функции ако се обвинети за криминал, што отвора можност за забрана на крајнодесничарката Марин Ле Пен да се кандидира на претседателските избори во 2027 година.

Ле Пен и нејзината партија „Национален собир“ се обвинети за проневера на три милиони евра од фондовите на Европскиот парламент за финансирање на партиски кадри во Франција. Нејзините адвокати тврдат дека парите биле правилно искористени и дека обвинението погрешно ги дефинира работните обврски на парламентарните асистенти.

Брисел – Никој освен Украинците не може да одлучува за изборите во нивната земја. Володимир Зеленски, легално и демократски е избран за претседател на Украина. Додека Украинците не побараат избори, никој друг не може да ги предложи, изјави портпаролот на Европска комисија.

Неговата изјава уследи откако претседателот на Русија, Владимир Путин синоќа наведе дека треба да се смета како опција ставањето на Украина, која тој ја нападна во 2022 година, под администрација на Обединети нации, за да се овозможи одржување нови избори во земјата.

Москва – Одбивањето на европските држави да ги укинат санкциите кон Русија поради нејзиниот напад врз Украина покажува дека „тие не сакаат да се движат по патот на мирот“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков,

Ако европските земји не сакаат да одат по овој пат, тоа значи дека не сакаат да одат по патот на мирот, посочи Песков.

Берлин - Слично како и во другите европски земји, во Германија, протекционистичката трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп предизвика незадоволство кај јавноста, а повеќето Германци поддржуваат евентуални контрамерки од нивната земја и од Европската унија, па дури се подготвени и да ги бојкотираат американските производи, покажуваат анкетите.

Во анкетата на агенцијата „Југав“, 68 отсто од граѓаните, без оглед на нивната политичка определба, рекле дека „секако“ или „во поголема мерка“ го поддржуваат воведувањето контра царини за стоките од американските производители.

Нејпидо - Најмалку 20 лица загинаа во Мјанмар и три во Тајланд во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди централниот дел на Мјанмар и беше почувствуван низ Југоисточна Азија, пишува „Њујорк Тајмс“.

Според д-р Кјав Зин од општата болница во градот Мандалеј, во тој град загинале најмалку 20 луѓе, а 300 се повредени.„Се повеќе и повеќе повредени пристигнуваат, но немаме доволно лекари и медицински сестри“, рече тој.

Бангкок - Најмалку тројца работници го загубија животот кога 30-катна кула во изградба се урна во Бангкок по денешниот силен земјотрес, изјави тајландскиот вицепремиер Фумтам Вечајачаи.

Тој рече дека 90 лица останале заробени под урнатините. Уривањето на кулата следело по силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала. Извлечени седум лица, додека потрагата ја отежнуваат урнатините.

Бaнгкок - Железничкиот сообраќај низ Тајланд е во прекин по силниот земјотрес во соседен Мјанмар, а во некои делови од земјата е во прекин и патниот сообраќај. „Сите железнички линии (во Тајланд) привремено во прекин за да се осигура безбедноста на патниците по земјотресот во Мјанмар“, се вели во соопштението на Тајландската железница.

Железницата соопшти дека на операторите за брз јавен превоз во Тајланд им е наложено да ги прекинат услугите, да ги евакуираат патниците и да осигураат безбедност со расчистување на областите од урнатините.

Остани поврзан