• понеделник, 08 декември 2025

Бројот на починати во пожарот во Кочани се искачи на 61

Бројот на починати во пожарот во Кочани се искачи на 61

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - Почина уште еден пациент од пожарот во Кочани кој се лекуваше во Литванија. Тој е 61-та жртва од трагедијата во Кочани. Минатата недела почина и управителот на дискотеката Александар Карадаковски. 

Во пожарот во Кочани беа повредени околу 200 лица од кои дел беа пратени на лекување во странство.

Повеќе детали се очекува за кратко да соопшти министерот за здравство Арбен Таравари. бак/aa/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан