• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски
МИА Општински пул

15 април 2025

Кочани - Советот на Општина Кочани ќе функционира со 18 советници до одржувањето на локалните избори, откако на 62. седница за в.д. градоначалник беше избран Венко Крстевски од листата предложена од група избирачи.

-Согласно законските одредби, советничкото место на Крстевски ќе биде во мирување, односно тоа нема да се пополнува со следниот којшто се наоѓа на кандидатската листа. Што се однесува за оставката што советничката Кристина Атанасова Арсова ја поднесе на вчерашната седница на Советот, за тоа веќе е информирана Општинската изборна комисија и оттаму треба да достават известување за следниот кандидат од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата. По добивањето на известувањето, на следната седница на Советот треба да биде верификуван мандатот на новиот член од оваа листа, истакна Венцо Бојков, раководител на Oдделението за правни и општи работи во Општина Кочани.

Изборот на советникот Крстевски за в.д. градоначалник, согласно одредбите во Законот за локална самоуправа, беше направен по оставката на досегашниот градоначалник Љупчо Папазов, против кого Обвинителството побара мерка притвор по катастрофалниот пожар во клубот „Пулс“.

До редовните локални избори што треба да се одржат во октомври, Советот на Општина Кочани наместо 19 ќе има 18 членови, односно девет од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата, осум од СДСМ со коалицијата и еден советник од Левица.

Куманово - Шестгодишното девојче наместо во градски автобус во Куманово, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, соопшти денеска полицијата соопштувајќи детали за вчерашниот случај, откако нејзината мајка вчера пријави дека се оддалечила од домот. Детето вчера беше пронајдено на подрачјето на Гази Баба.

Мајката на девојчето, 28 годишната С.Т. вчера во 15.00 часот во СВР Куманово, пријавила дека нејзината шестгодишна ќерка се оддалечила од домот.

- Девојчето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба во Скопје, а по извршен службен разговор било утврдено дека девојчето најпрвин влегло во градски автобус кој превезувал патници до центар на Куманово, а потоа по грешка, наместо во автобус за враќање до домот, девојчето влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, каде била пронајдена од случаен минувач, информираше СВР Куманово. 

Скопје - Општина Центар ја започна третата акција за собирање кабаст отпад, која ќе се одржи од 15 до 20 април. По успешните акции во февруари и март, жителите ќе можат бесплатно да го одложат отпадот во контејнерите за таа намена поставени на следниве локации:

- ДЕБАР МААЛО - ПАРК
ул. „Наум Наумовски Борче“ – кај Партизан
- ДЕБАР МААЛО
ул. „Алберт Ајнштајн“ кај КСП - Центар Јадро
- БУЊАКОВЕЦ
ул. „Киро Крстевски Платник“, кај кривината со ул. „Рајко Жинзифов“
- БУЊАКОВЕЦ
на аголот на улиците „Борка Талевски“ и „Костурски херои“
- ПРОЛЕТ
бул. „Крушевска Република“, спроти Веро Џамбо
- ВОДНО
ул. „Питу Гули“, кај кошаркарското игралиште

„Апелирам да продолжиме со одговорното одлагање на овој вид отпад. Искористете ги поставените локации за да го направиме Центар почист и поурбан“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Акцијата се реализира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од Акцискиот план за чист воздух.

Паралелно, продолжува и големата кампања за чистење под мотото „Центар чисти, Центар не чека“.

Скопје - Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Сарај, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Студеничани и Зелениково.

-Од 06:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат делови од село Сарај - пат за село Лубин кај кафе бар Лозана, во општина Сарај, од 08:00 до 15:00 часот, дел од село Долно Лисиче реон околу надвозникот во општина Аеродром, а од 09:00 до 13:00 часот делови од „Тутинска“, „Мара Јосифовска“, „Драчевска“, „Јанко Мишиќ“, „Бранко Заревски“ во општина Кисела Вода, информираат од РЦУК.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 09:00 до 14:30 часот ќе имаат дел од потрошувачите на ул. „51“ во село Волково општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 15:00 часот, Алдинци, Црвена Вода, Цветово, Драчевица, Горно и Долно Количан, Палиград во општина Студеничани и Зелениково, а од 09:00 до 15:00 часот, Морани општина Студеничани.

Без струја од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат депонијата Дризла и Бато во општина Студеничани, а од 09:00 до 14:30 часот, делови од булевар „Патризански Одреди“, зграда бр.129 во општина Центар.

Скопје - Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Ѓорче Петров, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Мечкин Камен“ и „Дубровничка“ во Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 12:00 до 14:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останата корисниците од улицата „ 4“ во Ново Село во Општина Ѓорче Петров.

Остани поврзан