• четврток, 22 мај 2025
МИА Општински пул

25 април 2025

Велес - ТППЕ Велес синоќа од 20:52 до 22:45 часот со две противпожарни возила и шест пожарникари интервенирала на запалена штала и на дел од покрив во Башино Село во близина на Велес. Притоа на еден од пожарникарите му се слошило и по укажаната прва помош од тимот на итна помош со нивно возило бил однесен во Општата болница - Велес.

Како што информира денеска за МИА  д-р Жарко Манасков од службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом, на  41-годишниот пожарникар кој имал труење со чад, односно јаглероден моноксид веднаш му била укажана итна помош од неговите колеги од ноќната смена.

Скопје - Општина Центар информира дека во тек е јавниот повик за доделување субвенции за велоспеди, е-велосипеди, е-тротинети, како и за дополнителна опрема. На повикот можат да се пријават сите граѓани кои имаат живеалиште во Центар, а проектот се одвива по принципот „прв дојден, прв услужен.

Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите центарци да аплицираат и да поддржат одржлив транспорт.

Струмица - Утре во Струмица ќе се одржи свечена Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница, која ќе тргне од храмот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица, по завршувањето на Светата Божествена Литургија, соопштија од Струмичката епархија на МПЦ-ОА.

Свештената поворка со иконата на Брзопослушница ќе тргне во 10 часот од храмот им ќе се движи по улиците „Петти ноември“ долж до црквата „Свети Кирил и Методиј", а потоа по улицата „Стив Наумов" и „Герас Цунев" до плоштадот „Гоце Делчев". Тука ќе биде отслужен Молебен на Пресветата Богородица, по што поворката ќе тргне по булеварот „Маршал Тито" па се до црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама".

Скопје - Поради уличен дефект ф-2“ на улица „Студеничанска“ 19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица, дел од Драчевска и село Драчево.

Како што информираат од ЈП “Водовод и канализација“ Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот. 

Кавадарци - Во Кавадарци денеска ќе биде отворено подрачно одделение на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, под мотото, ,,Да ги направиме социјалните услуги достапни во заедницата”, информираат од СОС Детско село. 

- Овој настан претставува важен чекор кон промовирање на современи, достапни и локално ориентирани пристапи во грижата за децата. Преку новите услуги, се унапредува квалитетот на поддршката на згрижувачките семејства и се зајакнува системот на згрижување, со цел секое дете да расте во безбедна, грижлива и поттикнувачка средина, соопштуваат од СОС Детско село.

Скопје - Денеска без снабдување со електрична енергија ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров и Сопиште. Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат делл од корисниците на ул. „100“ и ул. „21“ во Волково, општина Ѓорче Петров, информираат од РЦУК. 

Според информациите од АД „ЕСМ“ кои ги пренесува РЦУК, во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул. „3“ во Ракотинци, општина Сопиште. 

 

Остани поврзан