• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 23 мај 2022 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода А.А.(25) од село Сарај, скопско. Тој бил баран по потерница за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната. СВР Битола поднесе кривична пријава против С.А.(33), Ф.Е.(40), Џ.А.(30), Е.Б.(33), Е.А.(26) и Ф.Ќ.(39), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени 87 кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ и „прикривање“. Пријавените, во периодот од април 2021 до февруари 2022 година, на подрачјето на Битола и селата Путурус, Црнобуки, Вашарејца, Добрушево, Радобор, Трап со употреба на погоден предмет и физичка сила, извршиле тешки кражби, тешки кражби во обид и кражби во куќи, викендици, стопански дворови, цркви, манастири, магацини, базни станици, при што одзеле разни предмети и се стекнале со противправна имотна корист од 1.524.400 денари. ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Р.(18) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен врз него  на 17.10.2021 на улицата „Методија Стефаноски“ во Кичево, полициските службеници пронашле марихуана. На 22.05.2022 пред спортската сала „Боро Чурлески“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Г.И.(50) и Т.Н.(49), двајцата од Битола, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Денеска (23.05.2022) во 05:45 часот на улица „Методија Андонов Ченто“, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги лишиле од слобода Х.М.(18), Д.М.(19), Л.Б.(19) и К.П.(18), сите од Велика Британија. Околу 01:50 часот тие одзеле такси возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки од Џ.М.(39) од Скопје, по што со возилото удриле во банкина на подрачје на Гази Баба. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. На 22.05.2022 околу 03 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во угостителски објект на подрачје на Центар бил нарушен јавниот ред и мир од неколку лица. Исто така, истиот ден во 15:50 часот во Полициската станица Центар, И.Т.(23) од Скопје и С.К.(23) од Германија пријавиле дека во 01:30 часот во угостителскиот објект на подрачје на Центар биле физички нападнати со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 22.05.2022 во 13 часот во СВР Скопје, Д.„Н“ (44) од Скопје пријавил дека на улица „Максут Садик“ бил физички нападнат од А.Ј., поради нарушени семејни односи. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот. На 22.05.2022 во 15:30 часот во Полициската станица Гази Баба, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.М.(19) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во работилница. Се работи на расчистување на случајот. На 22.05.2022 во 23 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Скопје пријавила дека на улица „Рифат Бурџевиќ“ била физички нападната од својот братучед А.Г. од Скопје поради нарушени семејни односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 21.05.2022 околу 10 часот во Полициското одделение Арачиново, М.Ш од село Арачиново  пријавил дека при ископ во неговиот двор пронашол чаура од артилериска граната. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, додека службеници од Дирекција за заштита и спасување ја подигнале чаурата. На 22.05.2022 во 14:25 часот во СВР Штип, Д.К.(46) од Штип пријавил дека настанал пожар во хала во фирма за метална индустрија од Штип, при што биле опожарени повеќе предмети и едно возило, сопственост на правното лице. Екипа на Територијалната противпожарна единица Штип го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип. На 22.05.2022 во 00:30 часот во Полициска станица Карпош З.Ј.(72) пријавила дека од дома се оддалечила нејзината ќерка Х.Д.(42), која имала здравствени проблеми, и истата заминала за Р.Србија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. На 25.05.2022 во 09:45 часот во ОВР Кочани, К.Д.(55) од Кочани пријавила дека настанал пожар во банкомат на улица „Маршал Тито“. Екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани го изгаснала пожарот. Увид бил извршен. На 22.05.2022 во 13:04 часот во ОВР – Берово, било пријавено дека настанал пожар на улица „23-ти август“, во куќа сопственост на Ј.Ѓ. (63) од Берово. Од пожарот целосно е опожарена помошна просторија и покривна конструкција, а оштетени се прозори од куќа сопственост на З.Р. (65) и Д.Р. (72), двајцата од Берово. Противпожарна бригада – Берово целосно го изгаснала пожарот. Повредени лица нема. Увид на местото е извршен од екипа од ОВР – Берово. На 22.05.2022 околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на улица „Ѓорѓи Динката“ две лица со закана кон вработената одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување  на случајот. СВР Куманово поднесе кривична пријава против У.З.(58) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 28.10.2021, полициски службеници од СВР Куманово извршиле преглед врз пријавениот, при што пронашле пиштол марка „Чешка зброевка” со една рамка и седум куршуми, кои ги поседувал без дозвола. На 23.05.2022 во 02 часот во Полициска станица Гази Баба е пријавено дека од СОС Детско село во Скопје се оддалечила нивната штитеничка Џ.Д.(14). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Д.(28) од село Радуша, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.04.2022 година, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана. На 22.05.2022 околу 18:15 часот во спортската сала „Антон Димитров“ во Бутел, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода А.Б.(20) од Скопје затоа што влегол во салата со околу 15 лица од навивачка група и нападнале едно лице, а се обиделе и физички да се пресметаат со припадници на друга навивачка група кои биле во салата на ракометен натпревар. При интервенцијата едно лице од групата физички нападнало полициски службеник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. свс/сп/

Остани поврзан