• петок, 05 декември 2025

На депонија во село во општина Новаци пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна

На депонија во село во општина Новаци пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна

Скопје, 23 февруари 2025 (МИА) - МВР соопшти дека вчера на депонија во селото Мегленци, општина Новаци, била пронајдена неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна.

Случајот бил пријавен во 10.40 часот во СВР Битола, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување - Битола безбедно ја подигнал гранатата, при што било констатирано дека е со калибар 75 мм.

Извршил бил и увид на местото каде што е пронајдена гранатата. мч/дма/

фото: МИА архива

Остани поврзан