МВР-билтен (ДПЛ)
- СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Г.(43) и Н.М.(45), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Скопје, 23 февруари 2025 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Г.(43) и Н.М.(45), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.02.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, каде бил затекнат и второпријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.
На 22.02.2025 во 12.35 часот во атар на с.Мајден, Кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „нисан терано“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(45) од Кавадарци, а сопатник бил Ј.Б.(66) од Кавадарци. Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки: „IJ58M“ калибар 16мм со шест патрони и ловечка пушка „Baikal“ калибар со четири патрони. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.02.2025 во 11.30 часот во СВР Скопје, Е.П.И.(37) од Скопје пријавила дека во нејзиниот двор на подрачјето на Кисела Вода пронашла заталкано зрно од огнено оружје. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
На 22.02.2025 во 22.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода З.Н.(62) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна снаа. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.О.(24) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.12.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
Денеска (23.02.2025) во 03.20 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.И.(55) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на својата 50-годишна сопруга и нивниот син С.И.. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.02.2025 во 20.10 часот на Градскиот плоштад во Пехчево, полициски службеници од Полициската канцеларија Пехчево го привеле К.Д.(28) од Пехчево затоа што се однесувал агресивно кон нив додека извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.02.2025 во 22.28 часот во СВР Скопје, 43-годишен маж од скопско село пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од својот брат Н.Ч.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.З.(31) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.11.2024 во Гостивар, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Денеска (23.02.2025) во 03.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во периодот од 20.00 часот на 22.02.2025 до пријавувањето, со употреба на сила и погоден алат било влезено во златарница во Градскиот трговски центар во Кочани и биле одземени накит и часовници. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено - поправната установа Затвор Штип со знаци на труење бил донесен осуденикот Е.А.(21) од Штип, кој по кратко време починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 22.02.2025 во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Р.Б.(41) од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата ќерка А.Р.(18) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. мд/
фото: МИА архива