• среда, 15 април 2026

Општина Тетово со повик граѓаните да пријавуваат проблеми со уличното осветлување преку апликацијата ТЕ-КЛИК

Општина Тетово со повик граѓаните да пријавуваат проблеми со уличното осветлување преку апликацијата ТЕ-КЛИК

Тетово, 26 март 2026 (МИА) - Општина Тетово ги повикува сите граѓани активно да придонесат кон подобрување на јавните услуги преку навремено пријавување на проблеми со уличното осветлување.

Се повикуват граѓаните да ја користат апликацијата ТЕ-КЛИК, која според општината овозможува побрза и поефикасна реакција на надлежните служби, со цел навремено отстранување на дефектите и подобрување на безбедноста и секојдневието на граѓаните.

-Доколку граѓаните забележат улици или населби каде што јавното осветлување не функционира, тоа можат лесно да го пријават преку апликацијата „ТЕ КЛИК“ во делот пријавување со латиничен назив I-REPORT. Апликацијата е достапна за користење на iOS и Android уреди, се вели во соопштението на Општина Тетово. 

Општина Тетово изразува благодарност до сите граѓани за нивната соработка и активното учество во унапредување на условите за живот во градот. ас/рп/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан