МВР Билтен
- На 22.02.2025 во 13.00 часот во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР – Отсек потраги го привеле З.С.(28) од Гостивар. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело по член 263 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Скопје, 23 февруари 2025 (МИА) - На 22.02.2025 во 13.00 часот во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР – Отсек потраги го привеле З.С.(28) од Гостивар. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело по член 263 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Денеска (23.02.2025) во 02.30 часот во ноќен клуб на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(40) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (23.02.2025) во 02.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода И.С.(18) од Струмица затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (23.02.2025) во 00.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.02.2025 во 23.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.02.2025 во 13.40 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(20) од с.Трубарево затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.02.2025 во 17.35 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.02.2025 во 22.40 часот на патот за с.Ротино, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Д.А.и Ј.Ш., двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 22.02.2025 во 21.30 часот на регионален пат Тетово – Скопје, пред с.Сараќино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода А.А(19) и А.М.(21) од с.Шемшово, А.Ј.(18) од с.Слатино, тетовско и малолетник од с.Палатица затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и боксирач.Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 23.02.2025 во 02.10 часот на улица „Рудничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода П.Н.(24) од Кичево затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.02.2025 во 10.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на депонија во с.Мегленци, општина Новаци, била пронајдена неексплодирана граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ја подигнал гранатата, при што било констатирано дека станува збор за артилериска граната калибар 75 мм која потекнува од Првата светска војна. Извршен бил увид.
На 22.02.2025 во СВР Скопје било пријавено дека околу 07.35 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(37) од с.Романовце, кумановско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.А. (48) од Скопје. Во нерсеќата со тешки телесни повреди се здобила М.А., констатирани во приватна болница во Скопје, додека Д.П.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 22.02.2025 во 21.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.З.(43) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје била касната од куче скитник. миа/миа
фото: МИА