• четврток, 26 март 2026

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.Ч.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.02.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени марихуана, амфетамин и нож.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.И.(36) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.02.2025 во Врапчиште, гостиварско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и над патничко возило „форд фиеста“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле кокаин.

На 21.02.2025 во 14.40 часот полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода Т.И.(18) од село Пепелиште, неготинско. Тој се сомничи дека на дива депонија кај место викано „Штипско рамниште“, атар на село Пепелиште, на неколку места предизвикал пожар. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.02.2025 во 11,05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кеј „Македонија“, во водите на Охридското езеро, била пронајдена неексплодирана бомба. Претставник на Дирекција за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата, а увид извршила екипа од СВР Охрид.  

На 21.02.2025 во 10.52 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Радовиш, додека управувал патничко возило „сузуки“ со радовишки регистарски ознаки, на С.Ѓ.(70) од село Воиславци, радовишко, му се слошило и починал, по што со возилото излетало од коловозот и удрило во столб и паркирано патничко возило „форд“. Лекар од Итна медицинска помош Радовиш констатирал смрт кај возачот, која настанала како последица на срцев удар. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

На 21.02.2025 во 11.42 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје било пријавено декај нив со тешки телесни повреди бил донесен Л.Д.Л.(21) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Кисела Вода. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.  

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.В.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.12.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

На 21.02.2025 во 13.00 часот во ОВР Пробиштип, 56 – годишна жена од Пробиштип пријавил дека бил измамена од едно лице за сума од 1.434.000 денари. Според пријавеното, на почетокот на јануари 2025 година лицето телефонски стапило во контакт со неа и ја известило дека е по потекло од Штип, дека живее во Велика Британија и дека во неговата агенција стигнал документ со кој се потврдува дека таа е наследник на 590.000 евра, кои биле во криптовалути и доколу сака да ги земе ќе мора да плати одредена сума на пари. Како што е пријавено, лицето ја убедило да инсталира неколку апликации на мобилниот телефон и да подигне кредит од финансиско друштво од 250.000 денари, кои веднаш ги преземал преку една од апликациите со која имал контрола над нејзиниот телефон. Исто така, според пријавеното, на почетокот на февруари, таа извадила извод од банка и констатирала дека преку електронско аплицирање, а без нејзино знаење и одобрение, биле подигнати два кредити од банката во вкупен износ од 1.184.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.02.2025 во 01.20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(37) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.02.2025 физички нападнал 28 - годишна девојка од Скопје и извршил обљуба врз неа. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.02.2025 во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници ги привеле Б.Б.(27), 40 - годишната А.М. и нејзиниот 17-годишен син, тројцата од Скопје и Г.С.(32) од Виница затоа што претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.02.2025 во 10.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, Г.Ц.(50) од Скопје бил физички нападнат од Б.Х.(42) од с.Визбегово, скопско, кој употребил и тврд предмет. По документирање на случајот ќе следува соодетен поднесок.

На 21.02.2025 во 22.15 часот во СВР Скопје, Џ.Б.(34) од Скопје пријавила дека околу 21.15 часот на подрачјето на Центар, две машки лица физички ја нападнале и ѝ одзеле ранец со паричник и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. миа/миа/

фото: МИА архива

Остани поврзан