• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење

Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење

Скопје, 23 февруари 2025 (МИА) - Двесет и едногодишен осуденик од Казнено - поправната установа Затвор Штип вчера починал, соопшти МВР.

Случајот вчера, во 11:31 часот, бил пријавен во СВР Штип од Клиничка болница Штип. Според пријавата, од затворот во болницата бил донесен Е.А. (21) од Штип, кој имал знаци на труење. Лицето по кратко време починало. 

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. мд/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан