• четврток, 20 јуни 2024

Македонските фудбалери утре ги дознаваат противниците во Лигата на нации

Македонските фудбалери утре ги дознаваат противниците во Лигата на нации

 

Париз, 7 февруари 2024 (МИА) – Составот на групите за новата, четврта по ред, сезона во фудбалската Лига на нации ќе биде одреден утре со жрепка во Париз на маргините на 48. редовен Конгрес на УЕФА.

Македонската фудбалска репрезентација во ланското издание на Лигата на нации остана во Ц-дивизијата, завршувајќи третопласирана во групата 4, зад Грузија и Бугарија, а пред Гибралтар.

За утрешната жрепка во Париз закажана со почеток во 18 часот, македонскиот национален тим е во третиот „шешир“ и за противници не може да ги добие селекциите на Словачка, Северна Ирска и Кипар.

Можни противници на избраниците на селекторот Благоја Милевски се репрезентациите на Романија, Шведска, Ерменија и Луксембург од првиот „шешир“, Азербејџан, Косово, Бугарија и Фарски Острови, од вториот. и Белорусија, Естонија, Латвија и поразениот од баражот меѓу Литванија и Гибралтар, од четвртиот „шешир“.

Лигата на нации стартува во септември, а групната фаза ќе финишира во ноември. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан