• недела, 14 јули 2024

ЕВРО2024: Втора победа на Германија

ЕВРО2024: Втора победа на Германија

 

Штутгарт, 19 јуни 2024 (МИА) – Домаќинот на ЕВРО2024 Германија ја забележа втората победа во групата А, совладувајќи ја вечерва во рамки на второто коло Унгарија во Штутгарт со 2-0.

Стрелци на головите беа Џамал Мусијала во 22 минута и Гундоган (67), кој асистираше при водечкиот гол.

Со својот втор триумф Германија е првата репрезентација која обезбеди пласман во осминафиналето.

Второто коло во групата А ќе се комплетира вечерва по одигрување на дуелот меѓу Швајцарија и Шкотска. ег УЕФАЕВРО2024

Остани поврзан