• петок, 19 јули 2024

Знаме со порака „Косово е Албанија“ и антисрпско скандирање на трибините во Хамбург

Знаме со порака „Косово е Албанија“ и антисрпско скандирање на трибините во Хамбург

 

Хамбург, 19 јуни 2024 (МИА) – Албанските навивачи на денешниот дуел против Хрватска (2-2) во Хамбург истакнаа на трибините знаме со порака „Косово е Албанија“ кое по реакција на организаторите мораа да го отстранат, пренесува агенцијата БТА.

Дуелот одигран вечерва во рамки на второто коло во групата Б на ЕВРО2024 го одбележа и инцидент во второто полувреме во кое од трибините можеше да се слушне скандирање „Убиј го Србинот“ од навивачите на двете репрезентации.

По првиот натпревар на албанската репрезентација против Италија, УЕФА соопшти дека ќе ја казни Фудбалската федерација на Албанија поради непримерно однесување на албанските навивачи, кои на натпреварот користеа пиротехнички средства, а на трибините истакнаа и пароли политички пораки. ег ФОТО: УЕФА ЕВРО2024

Остани поврзан