Новата НБА сезона стартува во вторник
- Со два натпревари во кои бранителот на титулата Бостон е домаќин на Њујорк, додека ЛА Лејкерс ја пречекува, утре официјално стартува 79. сезона во кошаркарската НБА лига.

Њујорк, 21 октомври 2024 (МИА) – Со два натпревари во кои бранителот на титулата Бостон е домаќин на Њујорк, додека ЛА Лејкерс ја пречекува, утре официјално стартува 79. сезона во кошаркарската НБА лига.
Регуларниот дел од сезоната ќе се игра до 13 април идната година, а плејофот ќе стартува шест денови подоцна.
Почетокот на финалната серија е закажан за 5 јуни.
Домаќин на Ол стар викендот оваа сезона ќе биде Сан Франциско од 14 до 16 февруари. ег
ФОТО: Икс