• сабота, 21 декември 2024

Медиуми: Ѓоковиќ го откажа настапот во Париз

Медиуми: Ѓоковиќ го откажа настапот во Париз

 

Белград, 21 октомври 2024 (МИА) – Според неофицијални информации кои вечерва ги објавија белградските медиуми, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (37) нема да настапи на претстојниот Мастерс турнир во Париз.

Ѓоковиќ нема да ја брани титулата во салата Берси, а тоа речиси сигурно значи дека нема да игра во финалето на АТП во Торино, дури и да се пласира меѓу осумте најдобри играчи во светот, објави Спортклуб.

Мастерсот во Париз е закажан од 28 октомври до 3 ноември.

Ѓоковиќ има седум титули на турнирот во Париз, од кои последната ја освои лани. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан