• петок, 22 ноември 2024

Фудбалерките ја критикуваат ФИФА поради партнерството со Саудиска Арабија

Фудбалерките ја критикуваат ФИФА поради партнерството со Саудиска Арабија

 

Лондон, 21 октомври 2024 (МИА) – Повеќе од 100 професионални фудбалерки испратија денеска отворено писмо до ФИФА во кое ја повикаа светската фудбалска организација да го прекине партнерството со саудискиот конгломерат за производство на нафта и гас „Сауди Арамко“, кој е во државна сопственост.

Нарекувајќи го спонзорството „среден прст за женскиот фудбал“, 106 фудбалерки кои го потпишаа писмото посочуваат оти кршењето на човековите права во Саудиска Арабија, особено на жените и членовите на ЛГБТК+ заедницата, се во спротивност со вредностите на спортот за еднаквост и вклученост.

Во април оваа година, ФИФА потпиша четиригодишен договор со кој Арамко ќе стане глобален партнер, вклучувајќи ги и големите турнири како Светското првенство во 2026 година и Светското првенство за жени следната година.

Во писмото, договорот е оценет како „многу полош од автогол“.

„Ја повикуваме ФИФА да го преиспита ова партнерство и да го замени Сауди Арамко со алтернативни спонзори чии вредности се во согласност со родовата еднаквост, човековите права и сигурната иднина на нашата планета“, наведуваат фудбалерите во писмото. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан