• петок, 05 декември 2025

Ивановски сигурен на стартот на фјучерсот во Загреб

Ивановски сигурен на стартот на фјучерсот во Загреб


Загреб, 24 јуни 2025 (МИА) – Македонскиот тенисер Калин Ивановски со убедлива победа го почна настапот на ИТФ фјучерсот во Загреб, откако денеска во воведното коло го совлада Германецот Дин Тарнер, препуштајќи му на противникот само еден гем (6-1, 6-0).
Арнер го освои првиот гем, по што уследија две серии на Ивановски од по шест гема за сигурен пласман во второто коло за што му беа потребни 57 минути.
Следен противник на Ивановски ќе биде Душан Обрадовиќ од Србија, кој денеска со 2-1 во сетови го совлада Италијанецот Николо Клаварела.
На турнирот во Загреб настапува и Горазд Србљак, кој утре (среда) во стартното коло ќе игра против седмиот носител Никита Маштаков од Украина. ег
ФОТО: МТФ

Остани поврзан