• петок, 05 декември 2025

Единаесет македонски пингпонгари ќе настапат на Балканијадата во Грција

Единаесет македонски пингпонгари ќе настапат на Балканијадата во Грција

Орестијада, 24 juni 2025 (MIA) - Македонската пингпонгарска репрезентација ќе брои 11 натпреварувачи на Балканското првенство до 15 и 19 години кое денес почнува во Грција и ќе трае до 28 јуни.

Македонија на Балканијадата е предводена од тренерите Гоце Тошески и Христијан Јовановски.

Меѓународни настапи ќе има и Јован Пармачки од ППК Зегин Берово. Тој ќе учествува на Европски камп во Порто, Португалија. Како еден од најперспективните во најмладите категории Пармачки е избран да учествува на овој камп и истиот носи квалификациска можност за Светскиот камп за млади надежи. зс/

Фото: ППФМ

Остани поврзан